ИЗЈАВА
1. Внесените лични податоци се точни и проверени и се согласувам истите да бидат употребувани за целите на вршење на финансиски активности од страна на ФД Еазу Фајнанс АД Скопје, запознат сум и ги прифаќам Општите услови
2. Согласен/а сум ФД Еазу Фајнанс АД Скопје да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Македонско Кредитно Биро, да провери дали сум сопственик на доставената од мене трансакциска сметка преку проверка во КИБС и да врши проверка или верификација и во други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а согласно со законите и интерните акти на Друштвото
3. Давам согласност ФД Еазу Фајнанс АД Скопје да бара и да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за горенаведената цел и за времетраењето на истата од Македонско Кредитно Биро АД Скопје.
Запознат/а сум дека:
1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност.
2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот.
3. МКБ не носи одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност преземена од Корисникот на податоци спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци.
4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплата на обврската или затворање на сметката.
5. Запознаен сум со Тарифникот на ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС АД Скопје и согласен сум со содржината на истиот.
6. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.