Финасиско друштво Еазу Фајнанс АД Скопје е небанкарска финансиска институција, со ЕДБ 408001854550, и Регистарски број од Правилник за техничките и организациките мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци бр. 2317.
Финансиското друштво е лиценцирано и регистрирано од страна на Министерството за финансии на РМакедонија, на 07.06.2018 година, под број 13-4154/4 за извршување на следните финансиски услуги: одобрување кредити и факторинг.
Ние сме насочени кон изнаоѓање на решенија, нудејќи различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг.
Во насока на наш постојан развој и раст, се стремиме да разработуваме и интегрираме иновативни услуги кои се во чекор со неверојатно брзиот развој на дигиталниот свет.
Во делот на микрокредитирање ние сме максимално корисни и лесно достапни за секој корисник, нудејќи потполно онлајн аплицирање за кредит, аплицирање во нашите експозитури како и кај нашите партнери, верувајќи дека секој треба да има пристап до средства кога му се најпотребни.
Транспарентоста, флексибилноста и индивидуалниот пристап кој ќе ви го понудат нашите вработени е во насока на изнаоѓање вистинско решение за секој од нашите клиенти.