Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, Финансиското друштво ЕАЗУ ФАЈНАНАНС презема посебни мерки за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености.
Врз основа на Уредба со законска сила за примена на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година), Уредба со законска сила за примена на законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година), Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.03.2020 година), Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.03.2020 година), ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС на ден 09.04.2020 ја објавува следната:
ЈАВНА ПОНУДА
Бр 0302-66/1 од датум 09.04.2020 година
(Известување за понуда за промена на условите за сервисирање на кредитната изложеност од страна на Корисниците на кредити)
Понудата се однесува на сите лица - клиенти на ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС, кои имаат кредитни изложености по договори за кредит кои се склучени заклучно со 31 Март 2020 година.
Во продолжение се наведени деталните информации на Јавната Понуда за кредити:
ОБВРСКИ НА МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ НАМАЛЕНИ ЗА 70%
• Во периодот од 01.04.2020 до 30.06.2020 физичките лица кои се корисници на кредити по договорите за кредит кои се склучени заклучно со 31 март 2020 година ги плаќаат обврските на месечен ануитет намален за 70% од редовниот месечен ануитет.
• Периодот на отплата, односно рокот за плаќање на месечните ануитети по договорите за кредитите од точка (1) се продолжува за најмалку 90 дена по истекот на периодот од точка (1.1).
• Обврските по основ на помалку платени ануитети во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година согласно точка (1.1) се одложуваат согласно одобрениот рок за плаќање или рамномерно се распоредуваат во месечните ануитети кои ќе доспеат по 30 јуни 2020 година.
• За цело времетраење во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година ќе достасува само 30% од анутитетите пропорционално на составните делови на ануитетот, согласно Договорот за кредит. По истек на предвидениот период од 3(три) месеци, преостанатиот дел од ануитетите ќе се води како недоспеани обврски од кредитот и ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен план. ФД нема да пресметува камата на камата.
ГРЕЈС ПЕРИОД
• Договорите за кредит што ќе се склучат во периодот од 1 Април до 30 Јуни 2020 година можат по барање на корисниците на кредитите да се склучат со грејс период од три месеци. Во грејс периодот ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС ќе пресметува само договорна камата.
УПЛАТИ НА КРЕДИТНА ПАРТИЈА
• За време на периодот од 90 дена, Корисниците на кредит имаат право самостојно да вршат уплати на кредитната партија, а со истите ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС ќе постапува на следниот начин:
- Сите уплати на кредитната партија извршени во периодот од 1 Април до 30 Јуни 2020, за кредитна партија која нема доспеани обврски, ќе се евидентираат како претплата (примени аванси) во тек на грејс периодот. Почнувајќи од Јули 2020 година, сите примени аванси на кредитната партија, ќе се евидентираат како уплата за намалување на недоспеаните обврски кои произлегуваат од намалените ануитети и без доставување писмено барање од страна на Корисникот на кредитот ќе се направи намалување на кредитното салдо.
- Сите уплати на кредитната партија извршени во овој период, за кредитна партија која има доспеани обврски, ќе се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит. За уплатите кои ќе следуваат по затворање на доспеаните обврски, ќе се постапува согласно претходната алинеја од точка 3.1.
ЛИКВИДАЦИЈА НА КРЕДИТ
• Доколку корисникот на кредитот, во текот на периодот од 1 Април до 30 Јуни 2020 изврши целосна отплата на кредитот, ќе се применуваат одредбите предвидени во Договорот за кредит и Општите Услови.
АМОРТИЗАЦИОНЕН ПЛАН НА ОТПЛАТА
• ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС ќе изготви нов амортизационен план на отплата на кредитот По евидентирање на сите промени на кредитното салдо предвидени во оваа Понуда и прифатени од Корисникот на кредит.
• Почнувајќи од Јули 2020 година ќе продолжи редовното достасување на ануитети по кредитот за што ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС ќе го извести корисникот на кредитот за новиот износ на ануитетот на начин предвиден во Договорот за кредит и Општите Услови.
ТРАЕН НАЛОГ И АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА
• Доколку кредиот се отплатува со административна забрана, за намалувањето на кредитните обврски, Корисникот на кредит треба да го извести својот работодавач, со цел административната забрана од плата да ограничи на 30% за времетраење на периодот 01 Април до 30 Јуни, за што и ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС може дополнително да достави известување до работодавачот.
ПРАВНО ДЕЈСТВО НА ПОНУДАТА
• Правното дејство на изменетите услови од договорот за кредит има важност и на целокупната договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања и тоа без склучување нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
УСЛОВ ЗА КУМУЛАТИВНОСТ
• Понудата е недделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој договор за кредит.
ОСТАНАТИ ДОГОВОРНИ ОБВРСКИ
• Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа Понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.
ОПШТИ УСЛОВИ
Со објавувањето на оваа Понуда на веб страницата на ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС, се смета дека Понудата е доставена до сите лица корисници на кредит, солидарните должници и заложните должници, на денот на нејзино објавување.
Сите услови од оваа Понуда стануваат договорни одреби кои се составен дел на склучените договори со физичките лица корисници на кредитни продукти, солидарните должници и заложните должници.
Променетите услови од Договорите за кредити како и сите нотарски исправи и обезбедувања спрема физичките лица корисници на кредит, произведуваат правно дејство по истекот на рокот од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, без склучување нови договори и/или анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
Понудата ќе се смета дека е прифатена доколку во рок од 10 десет дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 18.04.2020, физичките лица – должници на ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС, солидарните должници и заложните должници не ја одбијат истата, без поднесување на посебно барање/известување до ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС.
Секој корисник на кредит (правно лице) може да поднесе барање за олеснување на исполнување на Договорот за кредит во рок од 10 дена од објавата на оваа Понуда, кое истото ќе се разгледа и согласно финансиската анализа на ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС ќе се одобри со примена на некои од активностите уредени во Уредбата со законска сила за примена на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година), Уредба со законска сила за примена на законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година)Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник бр.76/20 24.03.2020 година) и Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник бр.80 од 27.03.2020 година), во спротивно се смета дека понудата не е прифатена.
Ги повикуваме клиентите кои имаат можност, да продолжат со редовната отплата на своите месечни обврски согласно претходно договорената динамика. Напоменуваме дека оваа мерка е наменета за клиентите кои имаат потешкотии со справување со ситуацијата, односно немаат можност да продолжат со редовна отплата на своите обврски спрема ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС заради прекин на работен однос, намалување на износот на платата и слично.
КАКО ДА ПРОДОЛЖИТЕ СО РЕДОВНА ОТПЛАТА НА КРЕДИТНИТЕ ОБВРСКИ?
За времетраење на вонредната состојба имате право да не ја прифатите понудата и продолжите со редовна отплата на Вашите кредитни обврски за што треба да го информирате ФД ЕАЗУ ФАЈНАНС со испраќање на Барање за продолжување на отплата на кредитни изложености на електронска пошта:
covid19@easyfinance.mk со следната содржина: