Општи услови

ВОВЕД

Финансиско Друштво „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје (во понатамошнитот текс Давател на кредит или ФД”ЕАЗУ ФАЈНАНС”) со регистрирано седиште на ул. Даме Груев број 1 локал 53, Центар, Скопје, Р. Македонија, со ЕМБС 7286015 и ЕДБ 4080018574550, регистриран во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Република Македонија, со приоритетна дејност/главна приходна шифра 6492 – Друго кредитно посредување, согласно Решение МФРМ РЕ.750.173/1, издадено од Министерство за финансии на РМ, на ден 07.05.2018 година, под број 13-4154/4, е-маил: info@easyfinance.mk, тел: +38923113333, во понатамошниот текст Давател на кредит. Општите Услови (ОУ) се составен дел од Договорите за Кредит, склучени меѓу ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје и Корисниците на кредитите, истите им стојат на располагање на сите заинтересирани лица и се достапни и на веб страната на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје. Кредитите, кои се доделуваат согласно овие ОУ, се одобруваат и исплаќаат од страна на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје во македонски денари и се отплаќаат од страна на Корисниците на кредитот во македонски денари (МКД).

ДЕФИНИЦИИ

За целите на овие Општи услови:

Применлив закон – Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 18/2001, со последователни измени, дополнувања и одлуки), Закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредит, Закон за заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005), Закон за податоците во електронски облик и електронски потпис и Закон за давање на финансиски услуги на далечина и други позитивни законски прописи на Република Македонија;

Договор за потрошувачки кредит – Договор за кредит со сите прилози кон истиот, односно:

• Договор со кој давателот на потрошувачки кредит се обврзува на потрошувачот да му одобри или му одобрува определен износ на пари, вклучувајќи договор за одобрени кредитни лимити на кредитни картички, а потрошувачот се обврзува да плаќа одредена камата и добиениот износ да го врати во време и под услови утврдени со договорот;

• Договор за продажба на производи и услуги со одложено плаќање, доколку потрошувачот е обврзан да ја плати цената на повеќе рати со тоа што збирот на износот на сите рати е повисок од цената на производот или услугата;

Кредитна контрола– процес на процена на кредитната способност на Корисникот на кредит, проверка и ревизија на можноста за враќање на Кредитот;

Каматна стапка - е висина на каматната стапка која се наплаќа на Износот на кредитот, како што е уредено во Договорот за кредит;

Провизии – се надоместоци, трошоци и останати плаќања за услугите дадени на Корисникот на кредит од страна на Давателот на креди, наведени во Договорот за кредит;

Провизија за администрирање на кредит - претставува провизија за администрирање на кредит на рати за цело времетраење на Договорот за кредит, која се плаќа при исплата на секоја рата;

Провизија за предвремена ликвидација на кредит - претставува провизија која се пресметува на преостанатиот неплатен долг

Надомест за суспензија – износ на надомест кој Корисникот на кредит треба да го плати доколку сака да го одложи датумот на уплата пред доспевање на месечната рата;

Кредит – износот на кредитот (како што е дефинирано во Договорот) префрлен на Корисникот на кредит од страна на Давателот на кредит;

Веб страна – www.easyfinance.mk е интернет страната на Давтелот на кредит каде што Kорисникот на кредит е идентификуван преку неговиот/нејзиниот Профил и каде што Корисникот на кредит и Давателот на кредит може меѓусебно да комуницираат и да разменуваат информации. Информациите разменети преку Веб – страната и Профилот се обврзувачки за страните и претставуваат составен дел на Договорот за кредит, ако не е поинаку наведено во разменетите информации или со Договорот за кредит. Секогаш кога Корисникот на кредитот ќе кликне на копчето "Се согласувам" на Веб - страната или на Профилот се смета дека Корисникот на кредит ја дал својата согласност за содржината за којашто копчето "Се согласувам" е понудено;

Датум на отплата – денот на кој Корисникот на кредит е обврзан да го врати Кредитот заедно со сите камати, надоместоци и провизии;

Македонски закон за потрошувачки кредити – Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити на Република Северна Македонија;

Кредитно биро – Македонското кредитно биро АД Скопје, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, кат 5, Скопје, кое работи врз основа на Законот за Кредитно биро;

Кредитен посредник - физичко или правно лице кое не е давател на кредит (кредитор) и кое во рамките на неговата трговска, деловна или професионална дејност за надоместок, врши една или повеќе од следниве активности:

- презентира или нуди договори за потрошувачки кредит,

- им помага на потрошувачите со преземање на подготвителни активности и за други договори за кредит, освен за договорите за потрошувачки кредит или

- склучува договори за потрошувачки кредит во име и за сметка на давателот на кредит (кредитор);

Апликација/Барање за кредит – Апликација за одобрување на Кредит кое Корисникот на кредит го доставува до Давателот на кредит лично, во Канцелариите/Подружници или електронски преку веб страната на Давателот на кредитот (www.easyfinance.mk);

Страни – има значење како што е дадено во Договорот;

Канцеларија/Подружница – го означува секој трговски објект, користен од ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје, во кој Корисникот на кредит ќе може да изврши една или повеќе од следниве дејности: да добие информација и/или консултација за условите за аплицирање, добивање и користење на кредит; да аплицира за кредит; да склучи Договор за кредит; да изврши други активности согласно овие ОУ за кои експлицитно е наведено дека можат да бидат извршени во соодветната Канцеларија. Локацијата, работното време и соодветната организација, која управува со Канцелариите, се наведени на веб страната на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје;

Годишна каматна стапка на вкупни трошоци (СВТ) се вкупните трошоци на кредитот, вклучувајќи ги трошоците за водење на сметка на која се евидентираат уплатите и исплатите на искористениот дел на кредитот, трошоците за користење на средства за плаќање за уплатите и исплатите на искористениот дел од кредитот, како и другите трошоци поврзани со уплатите на средства ќе бидат вклучени во вкупните трошоци на кредитот за кредитокорисникот, освен доколку отварањето на сметката не е задолжително, а трошоците за сметката се јасно и одделно прикажани во договорот за кредит или во друг договор склучен со потрошувачот;

СМС код за идентификација – означува СМС порака со код кој ќе биде испратен на личниот телефонски број наведен во Барањето и ќе има важност на електронски потпис во смисла на член 2 и член 12 од Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис;

План за отплата/Амортизационен план - е план кој ги опфаќа плаќањата на Иносот на кредитот и роковите на доспеаност за секое плаќање по Договорот за кредит и истиот претставува составен дел на Договорот за кредит;

Вкупен износ на кредит - е горната граница на кредитот или вкупниот износ што му се става на располагање на Корисникот на кредит согласно со Договорот за кредит;

Вкупен износ што Корисникот треба да го плати (кредит) - претставува збир од вкупниот износ на кредитот и вкупните трошоци на кредитот, наведен во Договорот за кредит кој Корисникот на кредит има обврска да го плати на Денот на отплата на кредитот;

Вкупни трошоци на кредитот - се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии, даноци и кои било други надоместоци во врска со договорот за потрошувачки кредит кои Корисникот на кредитот треба да ги плати при одобрувањето и редовната отплата на кредитот и кои му се познати на Давателот на кредит, освен нотарските трошоци доколку постојат. Трошоците за дополнителни услуги поврзани со договорот за потрошувачки кредит, вклучувајќи ги и премиите за осигурување на кредитот, исто така влегуваат во вкупните трошоци на кредитот, доколку склучувањето на договор за дополнителни услуги е задолжително за добивање на кредитот или за негово добивање под назначените услови;

Продолжен рок на отплата на кредитот - е период за кој е продолжен Рокот за отплата на кредитот;

Грејс период - означува одреден период, пресметан од датумот на одобрувње на кредитот, во кој на Корисникот на кредитот ќе му се овозможи одложена отплата на кредитот во делот на главницата.

Тарифи - ги сочинуваат сите провизии, камати, трошоци, стапки и услови за плаќање на истите, како и надоместоци за услугите обезбедени на Корисникот на кредит од страна на Давателот на кредит, кои се достапни на Веб - страната (https://www.easyfinance.mk) и во канцелариите/подружниците на Давателот на кредит и се составен дел на Договорот за кредит. Тарифите на Давателот на кредит можат да бидат предмет на измена. Корисникот на кредит се смета дека е информиран од страна на Давателот на кредит за секакви измени во Тарифите на денот кога истите се објавени на Веб – страната.

УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ КРЕДИТ

Давателот на кредит одобрува Кредит на Корисник на кредит откако ќе ги исполни сите долунаведени услови:

Корисникот на кредит е физичко лице над 18 години, со статус на потрошувач според член 2, точка 1 од Македонскиот закон за потрошувачки кредити, државјанин на Република Македонија, кој има постојано живеалиште на територијата на Република Македонија, има целосен законски капацитет за склучување на договор, прима редовен приход со договор за вработување, сопствена дејност, инвалидска пензија, старосна пензија или други приходи од други извори, со соодветен доказ и е способен да го врати Кредитот заедно со сите провизии на Давателот на кредит, откако Корисникот на кредит ќе достави Апликација до Давателот на кредит и истата ќе биде одобрена, откако Корисникот на кредит ќе го прифати и потпише Договорот и неговите прилози, откако на Давателот на кредит ќе му бидат обезбедени копии и тоа во електронска или писмена форма од документите неопходни за кредитната контрола, откако Давателот на кредит ќе ја утврди кредитната способност на Корисникот на кредит.

Oдобрувањето на Кредитот зависи од успешната потврда на Апликацијата и проценката на кредитниот ризик. Давателот на кредит, исто така, може да одбие да одобри Кредит на Корисникот на кредит врз основа на информациите содржани во неговата база на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради негативната проценка на кредитниот ризик на Корисникот на кредит.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА КРЕДИТ

Корисникот на кредитот аплицира за кредит, со поднесување на Барање до ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“, на образец, лично. Поднесувањето на Барањето е можно преку веб страната на Давателот на кредит, телефонски, во канцеларија на Давателот на кредит, преку кредитен посредник или на друг начин претходно искомунициран со корисниците преку јавни медиуми.

Во Барањето, според дадените полиња, се наведуваат личните податоци на Корисникот на кредитот, неговата електронска пошта, телефон за контакт и др., како и бараниот износ на кредитот, рокот на кредитот, називот на кредитниот производ, под кои услови Корисникот на кредитот сака да го користи кредитот. Во прилог кон Барањето Корисникот на кредитот на означеното место на веб страната прикачува и копија од лична карта или пасош во форма на јпг, пдф или пнг. За било какви грешки при пополнување на податоци, настанати по вина на Корисникот на кредитот, ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ не сноси одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.

Барателот на кредитот преку веб страната треба да го одбере Кредитниот производ, износот и времетраењето на кредитот, да ја потврди својата согласност за прифаќање на ОУ, да даде согласност за обработување, користење и чување на личните податоци од страна на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“, ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ да врши проверки на кредитна способност на барателот на кредитот. Потоа Барателот на кредитот барањето со потребната документација ја доставува до ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ со давање на командата „Aплицирај”.

ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ му ја доставува на корисникот на кредитот, преку електронската пошта која ја има наведено, целата потребна преддоговорна информација за бараниот Кредит, Договор за кредит ипланот на отплата за потребите на пресметката на СВТ вклучени во Договорот за кредит.

Барањето за кредит не е обврзувачко и Корисникот на кредит може во било кој момент до потпишувањето да го откаже. За откажувањето на барањето, Давателот на кредит нема да пресмета и побара надоместок за обработка на барањето за кредит од барателот/корисникот на кредит.

Доколку апликацијата и потпишувањето на Договорот се одвиваат физички, со присуство на Корисникот на кредит во Канцеларија на Давателот на кредит или кај кредитниот посредник, преддоговорните информации, ОУ и Согласност за обработување, користење и чување на личните податоци од страна на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје се доставуваат лично на потпис кај Корисникот на кредит.

Доколку апликацијата и потпишувањето на Договорот се одвиваат електронски, преку веб страната на Давателот на кредит, Преддоговорните информации, ОУ и Договорот за кредит, со планот за отплата и сите прилози се доствуваат на Корисникот во електронска форма, на неговата електронска пошта.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Корисникот на кредит е обврзан да му обезбеди на Давателот на кредит копии од документите потребни за проверка на кредитната способност на Корисникот на кредит и тоа: копија од Лична Карта (или пасош) – двете страни, потврда за вработување или копија од банкарски извештај за последните три месеци, документ за примање на пензија или други приходи.

ОЦЕНКА НА КРЕДИТОСПОСОБНОСТА НА КОРИСНИКОТ НА КРЕДИТОТ

По добивањето на Барањето ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ ја проценува кредитоспособноста на Корисникот на кредитот врз основа на постоечки информации, вклучувајќи информации, добиени од Корисникот на кредитот, притоа врши увид во Македонско Кредитно Биро или во друга база на податоци, до која има легално добиен пристап. Во случај, како резултат на извршената проценка ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ да одбие да го додели Кредитот, ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ веднаш го известува Корисникот на кредитот за резултатот од проверката и за информациите за Корисникот на кредитот, содржани во регистарот, со исклучок кога давањето на соодветните информации е забрането или спротивно на важечкото законодавство, на регулативата на Европската унија или на јавниот ред и безбедност. Со доставување на Барањето, Корисникот на кредитот ја дава својата согласност на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“да врши увид во Македонско Кредитно Биро и други јавни регистри.

Како дел од проверката на кредитоспособноста на Корисникот на кредитот ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ по своја проценка може да одржи преку свој претставник, интервју со Корисникот на кредитот, во текот на кое, да бара и добива и дополнителни податоци или дополнителни документи.

За целите на давање на Кредит, согласно овие Општи Услови, Корисникот на кредитот изјавува, дека на датумот на поднесувањето на Барањето:

- Нема обврски како гарант/жирант, ниту неисполнети обврски кон државата, финансиските институции, кон сегашниот и претходниот работодавач, кон физичко или правно лице, или обврски кои треба да бидат исплатени пред доспевање на кредитот, за кој аплицира, освен овие, за кои при склучување на Договорот го известил ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“;

- Кон него нема поднесено тужба или покрената арбитражна постапка и не му се познати објективно оправдани причини, кои може да доведат до тоа;

- Против него не е поведена стечајна постапка, ниту се наоѓа во состојба на неликвидност, не учествува во договори чие изведување би било во спротивност со исполнувањето на обврските од Договорот;

- Сите податоци, наведени во Барањето, како и во Договорот и сите негови прилози, се целосни и точни.

Во случај, ако при пополнување на Барањето, Корисникот на кредитот обезбеди неточни податоци, во зависност од моментот на дознавање на овој факт, ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ има право или да го одбие склучувањето на Договорот и/или давањето на кредитот, или да го раскине Договорот (ако таков е склучен), без претходна најава и да побара предвремено враќање на кредитот, заедно со сите такси, трошоци и пресметани камати или такви, кои ќе бидат пресметани до датумот на раскинување на Договорот.

Кредитот се прогласува за предвремено наплатив, по тој основ, со еднострана изјава на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“, кое може да биде упатено и преку наведениот од Корисникот на кредитот во Барањето телефонски број (преку SMS), лично или преку електронската пошта.

Во случај, ако ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ го одобри Барањето, Корисникот на кредитот ќе биде известен за тоа на e-mail и/или телефонски број (преку SMS или со повик) или лично во канцеларијата.

Рокот за одобрување/одбивање на Барањето е 3 (три) работни дена часа од поднесувањето на Барањето.

Корисникот во овој рок треба да ги достави на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ сите побарани документи, потврди, изјави, извештаи, потребни за обработка на барањето за кредит.

ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ има право, без образложение, да го одбие Барањето, со испраќање на писмено известување до Корисникот на кредитот, вклучително и преку електронска пошта, преку SMS на наведениот телефонски број, или преку одбивање со молчење. Како одбивање на Барањето со молчење ќе се сметаат случаите, во кои ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ не испратило известување за одобрување на кредитот до Корисникот на кредитот во роковите предвидени за разгледување на барањето.

ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ

Договорот за кредит се склучува на начин, предвиден во овие ОУ и со придржување кон одредбите согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, Законот за давање на финансиски услуги на далечина како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Македонија.

Договорот се смета за потпишан, склучен и стапува во сила од моментот кога Корисникот ќе го воведе SMS – кодот за идентификација на претходно, по електронска пошта, добиениот линк за потврда и потпишување на документите и ќе ја даде командата „Потпиши”.

Договорот, исто така, се смета за потпишан, склучен и стапува во сила од моментот кога Корисникот лично во канцеларија на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ или во просториите на кредитниот посредник – трговец ќе го потпише Договорот и прилозите кон Договорот и ќе биде информиран за сите права и обврски кои произлегуваат од истиот.

Секој паричен износ, одобрен и исплатен од ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје на Корисникот на кредитот претставува Кредит, даден од ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ под условите на Договорот и на овие ОУ.

РЕАЛИЗИРАЊЕ И ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ

ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ го реализира паричниот износ на одобрениот кредит преку трансфер на трансакциската сметка наведена од Корисникот на кредитот. Корисникот на кредитот е одговорен заточното наведување на трансакциската сметка, на која сака да биде добиен износот.

ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ го реализира паричниот износ на одобрениот кредит преку трансфер на трансакциската сметка на Кредитниот посредник, доколку Корисникот на кредитот одбрал производи или услуги понудени од Кредитниот посредник за кои го користи бараниот кредит. Кредитниот посредник е одговорен за точното наведување на трансакциската сметка, на која сака да биде добиен износот.

Во случај на целосна или делумна предвремена отплата на кредитот, Корисникот на кредитот е обврзан да ја плати неотплатената главнина на Кредитот, заедно со сите пресметани камати или тие кои ќе бидат пресметани а кои не се платени до датумот на предвремената отплата.

Корисникот на кредитот го отплаќа кредитот на трансакциската сметка на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ или преку други начини наведени на веб страната на Давателот на кредит. Сите плаќања по банкарски пат се сметаат за извршени од моментот на уплатата на трансакциската сметка на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“. Во случај, ако ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ утврди, дека е извршено плаќање, кое е невозможно да биде идентификувано, тоа плаќање не се смета за валидно до моментот на неговата идентификација и Корисникот на кредитот ги носи сите последици од задоцнето плаќање.

Во случај, ако Корисникот на кредитот плати сума во износ, кој не е доволен, за да ги отплати сите достасани до моментот суми, со платената сума редоследно се отплаќаат следните видови обврски: на прво место трошоците, извршени од ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ во врска со неисполнување на обврската на Корисникот на кредитот за отплата на кредитот (трошоци за судска и вонсудска наплата на обврските, трошоци за писма за потсетување, испраќање на СМС пораки и др. слични), на второ место пресметаната законска камата за задоцнето плаќање или казни за доцнење во случај ако тие се договорени, на трето место провизија за администрирање на креди и други проовизии и надоместоци, на четврто место редовната или договорената камата и на петто место главнината на кредитот.

Во случај ако Корисникот, истовремено користи повеќе од еден кредит од ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“, со платената сума редоследно се отплаќаат следните видови обврски: на прво место трошоците, извршени од ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ во врска со неисполнување на обврската на Корисникот на кредитот за отплата на кредитот (трошоци за судска и вонсудска наплата на обврските, трошоци за писма за потсетување, испраќање на СМС пораки и др. слични) по денови на доцнење, на второ место пресметаната законска камата за задоцнето плаќање или казни за доцнење во случај ако тие се договорени, по денови на доцнење, на трето место провизија за администрирање на креди и други проовизии и надоместоци, по денови на доцнење, на четврто место редовната или договорената камата, по денови на доцнење, и на петто место главнината на кредитот, по денови на доцнење.

Во случај кога Корисникот на кредит користи кредит преку Кредитен посредник- Трговец, ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“износот на кредитот го префрла директно на сметка на Кредитниот посредник, а сите понатамошни обврски, кои произлегуваат од Договорот, ги наплатува од Корисникот на кредит. ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ нема одговорност доколку кредитниот посредник е во постапка на ликвидација, стечај или друга причина која може да го попречи трансферот на кредитот на Корисникот на кредит.

ИЗВЕСТУВАЊА МЕЃУ СТРАНИТЕ

Сите известувања меѓу Страните во врска со Договорот се вршат:

- преку кредитните референти на Давателот на кредит, во текот на лична средба со Корисникот на кредит; преку препорачана пошта; преку телефон или СМС порака; преку е-маил;

- Адресата на Давателот на кредит за сите дописи е ул. Даме Груев број 1 локал 53, Центар, Скопје.

Во согласност со член 10, став 2, точка 9 од Законот за потрошувачки кредити, Корисникот на кредит има право, во текот на важноста на Договорот, на негово барање да добива амортизационен план за тековниот Кредит.

КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ И ГОДИШНИ ВКУПНИ ТРОШОЦИ

Информации за различните Кредитни производи, како комбинација на специфични услови, износи на кредитите и други услови, може да се добијат во деловните просториите или на веб страната на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје.

ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ има право во секој момент да ги менува условите за одреден Кредитен производ, вклучувајќи да додава или отстранува дадени специфични услови, кои се применуваат за соодветниот кредитен производ, без тоа да влијае врз веќе склучените Договори.

При промена на услов за кредитните производи, за реализираниот Кредит под условите на овој Кредитен производ ќе се применуваат условите, важечки на датумот на одобрување на кредитот.

Доколку не е поинаку договорено во Договорот за кредит, крајниот рок за отплата на реализираниот Кредит е рокот, наведен во Договорот, освен кога рокот на Договорот е продолжен преку нов Револвинг-период за кредитните производи, за кои тоа е применливо.

ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ има право на камата, провизија за администрирање и други провизии, трошоци и надоместоци поврзани со кредитот, чиј износ се утврдува во Договорот за кредит.

Годишната стапка на вкупните трошоците за кредитот е утврдена во Договорот, неговиот износ е пресметан на следниот начин, а врз основа одредбите од Законот за Народната Банка на Република Македонија и Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит, Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/2020 и 125/2020) и Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/2020 и 126/2020), Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/2020. Годишната стапка на вкупните трошоци се пресметува според Одлука за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци пропишана од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.

За потребите на пресметување на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека договорот за потрошувачки кредит е полноважен и дека Кредиторот и Корисникот на кредит ги исполнуваат своите права и обврски од договорот на договорениот начин и во договореното време.

Во случај договорот за потрошувачки кредит да содржи одредби со кои се предвидува можност за промена на каматната стапка, провизиите и другите надоместоци, при пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека до исполнување на договорот каматите и другите трошоци кои влегуваат во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци се непроменети.

ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ

ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ се обврзува:

Да му даде на Корисникот на кредитот преддоговорна и договорна информација за бараниот Кредит, во согласност со важечкото законодавство.

Да му го исплати Кредитот на Корисникот на кредитот во согласност со договорениот износ, рокови и услови, односно во рок до 14 денови од одобрувањето или најрано во текот на првиот работен ден по одобрувањето на кредитот.

Да ги евидентира навремено и точно исплатените рати за отплата на Кредитот од страна на Корисникот на кредитот.

На барање од страна на Корисникот на кредитот, при отплата на главнината на Кредитот, да му даде целосна и точна информација за извршените и евидентирани плаќања до моментот на барањето.

Да му ги даде на Корисникот на кредитот сите потребни документи, кои се однесуваат на опслужувањето на кредитот, пополнети точно и коректно.

Да врши и други обврски, предвидени со важечкото законодавство.

Да бара целосно исполнување на сите обврски на Корисникот на кредитот согласно Договорот и овие Општи услови.

Да биде известен веднаш од Корисникот на кредитот при настанување на околности, кои би предизвикале доцнење со исплата или влошување на целокупната финансиска состојба на Корисникот на кредит.

Да ги бара од Корисникот на кредит потребните документи, односно копии од документи за доделување на кредит, вршење на проценка на кредитоспособноста, како и евидентирање на информациите за опслужувањето на кредитот.

Во секое време да ги префрли своите права од Договорот на трето лице, вклучувајќи да го даде во залог побарувањето во корист на трето лице, без да се бара согласност од Корисникот на кредит за тоа. Во овој случај Корисникот на кредитот ќе биде известен за настанатите промени, односно, носителот на побарувањето, со испраќање на писмено известување на наведената електронска пошта во Барањето и Договорот за Кредит, телефонски или лично. ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ нема обврска да го извести Корисникот на кредит за преносот, во случај, ако согласно договорот меѓу ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ и третото лице, ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ ќе продолжи да го администрира кредитот на Корисникот на кредитот; да води, вклучувајќи преку трети лица, секаква кореспонденција со Корисникот на кредитот, да спроведува телефонски повици со Корисникот на кредитот, да му испраќа електронски пораки и писма, во случај ако последниот не исполни некоја од обврските од Договорот, и на тој начин го известува за неговото доцнење.

Во случај на задоцнување со плаќањето на достасана рата за отплата од страна на Корисникот на кредитот, како и во случај на делумно плаќање на рата за отплата, да ги преземе сите потребни дејствија за вонсудска и /или судска наплата на своите побарувања, а трошоците за тоа ќе бидат на товар на Корисникот на кредит. Во случај на макроекономска нерамнотежа која ќе резултира со најмалку 5 % девалвација на средниот курс на еврото во денари (ЕУР/МКД) како еднострана мерка на Народната Банка на Република Македонија (во понатамошниот текст НБРМ) или 5 % депрецијација на средниот курс на еврото во денари, мерени преку зголемување на средниот курс на ЕУР/МКД објавен од страна на НБРМ на нејзината веб страна, ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје го задржува правото да ја коригира главницата на одобрените и исплатени а недостасани Кредитни производи како и главницата и сите трошоци кои се достасани а ненаплатени од страна на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ АД Скопје преку зголемување за 5 %.

Корисникот на кредитот се обврзува:

Да ги врати искористениот Кредит, вклучувајќи ја главнината, каматата и трошоците до доспевање на последниот ануитет, согласно Планот на отплата.

Да ги почитува роковите и условите за исплата на ануитетите за отплата.

Да го извести веднаш ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ за секоја промена на околности, кои би предизвикале задоцнување со исплата или би можеле да доведат до влошување на финансиската состојба, како и за секоја промена во информацијата, дадена од него при поднесувањето на Барањето, односно потпишување на Договорот, вклучувајќи, но нецелосно: за измена во неговите месечни приходи, на адресата на живеење и/или на сегашната адреса, на вработувањето, телефонските броеви, покренати судски и/или извршни постапки против Корисникот на кредит и/или неговиот сопруг/сопруга, и/или одредени на Корисникот на кредитот и/или на неговиот/нејзиниот брачен другар казни за прекршочни или кривични постапки, и/ или одредени мерки за запленување и/или одземање во корист на државата на било каква сопственост, која им припаѓа.

Да ги сноси сите трошоци, поврзани со неисполнување на својата обврска за кредитот, предвидени во Договорот и овие ОУ, вклучувајќи, но не само, трошоци за покани за доброволно исполнување, посети на лице место, телефонски повици, државни такси, адвокатски хонорари, патни и други трошоци.

Да ги сноси сите надоместоци кои не влегуваат во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, а кои самостојно или во комбинација со кој било друг надоместок кој надминуват 60% од износот на одобрениот кредит.

Корисникот на кредитот има право:

При отплата на главнината за Договор за кредит на одреден рок да добие на барање и бесплатно, во секој момент од спроведувањето на Договорот, извадок на сметка во форма на Планот за отплата. Планот на отплата ги содржи доспеаните плаќања и роковите и условите за овие плаќања.Планот на отплата содржи детално објаснување на секоја рата за отплата, кое ја покажува отплатата на главнината, провизијата за администрирање на кредитот, каматата, пресметана врз основа на каматната стапка и каде што е применливо, дополнителните трошоци.

ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ НА КРЕДИТ

Доколку Корисникот на кредит не плати доспеан износ според Договорот за кредит, Давателот на кредит ќе ги има правата, како што е предвидено во овие ОУ и ќе има право да го раскине договорот за кредит и/или да наплати надомест за опомена/и за задоцнето плаќање, согласно одредбите од Договорот за кредит.

Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, во случај на доцнење над 90 дена со плаќањето на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да покрене постапка пред надлежен нотар, суд, извршител за спроведување на постапка за наплата на своите побарувања во однос на Корисникот на кредит. Во случај на доцнење над 90 дена со плаќање на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да преземе дејствија за наплата на своите побарувања.

Доколку Корисникот задоцни со исплата на било која рата повеќе од 91 (деведесет и еден) ден, ќе се смета дека целокупниот преостанат неподмирен износ на одобрениот кредит стасува за наплата наеднаш и во целост на датумот кога Корисникот задоцнил со исплата на ратата. Давателот на кредит има право на наплата на затезна.

Според Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, со сите негови измени), Давателот на кредит има право да ги достави информациите за обврските на Корисникот на кредит до Кредитното биро, што може да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит. Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното биро врз основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на кредит и Кредитното биро и врз основа на член 9, 10 и 14 од Законот за Кредитно биро.

Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, Страните се договорија дека во случај на доцнење со плаќањето на Давателот на кредит на најмалку два ануитета, како што е наведено во амортизациониот план кој претставува составен дел на Договорот за кредит, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот во рок од 14 дена по доставување на известување доставено по пошта на адресата на Корисникот на кредит.

ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА

Корисникот на кредит може да поднесе приговор со допис на адресата на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ наведена погоре.

На приговорите ќе биде одговорено во најкраток можен рок и кредит ќе настојува (но не може да гарантира) да одговори во рок од 30 работни дена. Доколку по добиениот одговор, Корисникот на кредит не е задоволен од истиот, тој/ таа може да се жали на одлуката, во писмена форма, повторно до Давателот на кредит, наведувајќи ги своите аргументи и давајќи нови информации кои треба да се разгледаат.

ПРЕНЕСУВАЊЕ

Корисникот на кредит дава своја согласност дека неговите/нејзините лични податоци може да бидат пренесени на агенција за наплата на побарувања.

Правата и обврските на Корисникот на кредит според Договорот не може да се пренесат без претходна писмена согласност на Давателот на кредит.

Правата и обврските на Давателот на кредит според Договорот може да се пренесат на трето лице, за што Давателот на кредитот ќе го извести Корисникот на кредитот.

ПРЕСТАНОК НА ВАЖНОСТ

Освен правото на раскинување, како што е предвидено во овие Општи услови, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување со препорачано писмо испратено на адреса на Корисникот на кредит, само доколку Корисникот на кредит, за да го добие Кредитот, доставил лажни документи или изјави и/или

Корисникот на кредит има право да го раскине Договор без период на раскинување, со препорачано писмо испратено на адреса на Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит (преку застапникот) не ја исполни својата обврска да прима ануитети според амортизациониот план кој е составен дел на Договорот за кредит. Во случај на раскинување според овие Општи услови, Кредитот заедно со сите провизии, надоместоци и акумулираната камата до датумот на реалното враќање веднаш доспева за плаќање. Крајниот износ кој треба да го плати Корисникот на кредит на раскинување од страна на Давателот на кредит од овие Општи услови ќе биде наведен од страна на Давателот на кредит во известувањето за раскинување.

Во случај откажување од Договорот во рок од 14 дена, од страна на Корисникот на кредит, Кредиторот има право да наплати надоместок на неповратните трошоци, платени во врска со Договорот за кредит, кон јавни или државни органи.

ВИША СИЛА И ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ нема да биде одговорен пред Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврската од овие Општи услови, кои се должат на виша сила (како што е дефинирано во подолу).

“Виша сила и вонредна состојба” ќе значи секој непредвидлив случај, кој не може да се спречи настанат по потпишувањето на Договорот за кредит помеѓу ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ и соодветниот Корисник на кредит и кој доведува до неможност за исполнување на обврските, преземени од ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ според Договорот и / или овие ОУ, вклучувајќи, но без да се ограничени: техничка неисправност во софтвер или хардвер системите, кои се користат од ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ законски, административни или владини ограничувања, природни катастрофи, бунтови, востанија, судири или немири, војна, терористички напади, земјотреси или други деструктивни дејства на природни сили, општонародни штрајкови, ембарго, епидемија, пандемија.

При настанување на Виша сила за ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“, ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“ ќе ги преземе сите разумни активности и мерки, за да ги ограничи евентуалните загуби и штети, и ќе го извести соодветниот Корисник на кредит во рок од една недела од денот на настанување на виша сила.

Недостатокот на финансиски средства нема да се смета за виша сила, како во однос на ФД „ЕАЗУ ФАЈНАНС“, така и во однос на Корисникот на кредитот.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови се неважечки или неисправни, останатите одредби остануваат во сила. Договорот може да се измени и дополнат само со претходна взаемна писмена согласност на двете Страни.

Одредбите од македонските закони се применуваат на Договорот и неговите прилози, особено Законот за облигациони односи, Законот за потрошувачки кредити и други општо обврзувачки одредби од македонското законодавство.

Со потпишување на овие Општи услови, писмено или во електронска форма, Корисникот на кредит потврдува дека истите ги прочитал и разбрал во целост. Договорот и овие Општи услови се потпишани во два идентични примероци, еден за Корисникот на кредит и еден за Давателот на кредит.

Корисникот на кредит изјавува дека е запознаен и согласен дека Општите услови може да бидат изменети во било кое време од страна на Давателот на кредит и дека измените на истите ќе бидат објавени на Веб страната на Давателот на кредит (http://www.easyfinance.mk), како и дека Давателот на кредит не е обврзан лично да го извести Корисникот на кредит за направените измени. Корисникот на кредит се смета дека е информиран од страна на Давателот на кредит за секакви измени на Општите услови за кредитирање на денот кога истите се објавени на Веб-страната.

Обработката на податоците на Kорисникот на кредит за обезбедување, понудување и одржување на услугите предмет на Договорот за кредит, е регистрирана во Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија, во која Давателот на кредит е регистриран како контролор на лични податоци.

Органот кој ќе врши контрола на усогласеност со Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити е Министерството за финансии.

Министерство за финансии на Република Северна Македонија

Ул. Даме Груев бр. 12, 1000 Скопје

Тел: +389 2 3255-300

Е-маил: finance@finance.gov.mk