Сите одговори на често поставувани прашања - ЕasyFinance

Кои се условите за аплицирање за кредит?

  • За кредит може да аплицира секое полнолетно лице, на возраст од 18-68 години.
  • Да е државјанин на Р.Македонија.
  • Да поседува валиден мобилен телефонски број.
  • Да остварува редовни приходи по основ на плата, примања по основ на договор на дело или пензија.

Кои документи се потребни?

  • За да аплицирате за Еазу кредит, потребна ви е валидна лична карта или пасош и трансакциска сметка.

Како се аплицира?

  • Mоже да аплицирате директно преку веб страната, во просториите на Еазу Фајнанс, ул Даме Груев бр.1 лок.53 (Градски зид, позади Собрание) или преку нашите трговски партнери.

За кој износ може да се аплицира?

  • За ненаменски кредит можете да аплицирате до 60 000 денари, до 24 рати. За кредит преку нашите трговски партнери може да се аплицира до 100 000 денари.

За колку време ќе добијам одговор по апликацијата?

  • Во рамки на нашето работно време, одговор по апликација за кредит се добива во рок од 30 минути.

Како се потпишува договор за кредит?

  • Договорот за кредит може да го потпишете по електронски пат со внесување на СМС код за идентификација, кој ќе го добиете веднаш по одобрувањето на вашиот личен мобилен телефон, кој има третман на електронски потпис, согласно член 2 и 12 од Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис,
    или
  • Своерачно, во просториите на Eaзу Фајнанс или кај нашите трговски партнери.

Може ли да се користат повеќе Еазу кредити истовремено?

  • Да, возможно е да користите повеќе кредити истовремено, во зависност од вашата кредитна историја.

Дали личните податоци на кредитобарателот се заштитени?

  • Да, вашите податоци се заштитени. ФД Еазу Фајнанс АД Скопје е контролор на лични податоци, со број 2317 кој е доделен од Дирекција за заштита на лични податоци.

Како се врши враќање на кредитот?

  • Средствата се враќаат со банкарска уплата, на една од нашите сметки. Ве молиме погледнете детално во делот Враќање на кредит.

Што доколку не платам?

  • Доколку не направите уплата согласно амортизациониот план, ќе ве контактираме да ве потсетиме и тоа преку смс, телефонски повик или преку писмена опомена.
  • Задоцнувањето генерира опомени за задоцнето плаќање казнени камати, провизии и останати механизми за присилна наплата, согласно договорот и општите услови.
  • Доколку имате долгорочни финансиски проблеми контактирајте нѐ да најдеме конкретно решение за настаната ситуација.

Дали може предвреме да се затвори кредитот?

  • Да, можно е предвремено враќање на кредитот. Ве молиме контактирајте нѐ на 02 311 3333.